Власта, премиерот и министрите не негираат ниту еден од криминалите само ги ставаат на игнор, децидни се Хајредини и Најчевска
Од
Објавено на
Аналитичарот и ексминистер, Џевдет Хајредини смета дека сите функционери ги игнорираат укажувањата за криминал и корупција.
„Власта, премиерот и министрите, информациите за случаите на криминал и корупција, на кои укажуваат и странците, не ги негираат, туку ги игнорираат. Таков е примерот и со најголемиот корупциски скандал со Дојче Телеком и многу други“, пишува аналитичарот и ексминистер, Џевдет Хајредини.
Професорката Мирјана Најчевска, кажа дека е ова е добра поента.
„Многу добра поента. Апсолутно точно. Не негираат ниту еден од криминалите само ги ставаат на игнор“, додава Најчевска.