Коментари

Па како да не го сакаат странците кога мислат дека во секој монент можат да го натераат да игра на нивната музика, вели Најчевска за Османи

Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи вели дека е убеден оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци. Изјавата наиде на остра реакција од професорката по право, Мирјана Најчевска. Таа посочува: „Ова го вели човекот кој во моментов е дел од повеќемилионската манипулација со државни пари“.

„Па како да не го сакаат странците кога мислат дека во секој монент можат да го натераат да игра на нивната музика. Имам впечаток дека во моментов заради глупата политика на ЕУ – одење по линија на послаб отпор поддршка добива најкриминогениот дел од власта. Идејата дека е тоа привремено и дека целта ги оправдува средствата не доведува во ситуација на апсолутно назадување. Извинете ама не е Македонија проблемот. Проблемот ви е дома. И многу ми е жал дезавуирањето на во моментов највисоките демократски вредности зад кои стои ЕУ“.

На почеток