„Шарл Мишел не рече дека земјите кандидати до 2030 ќе бидат подготвени за влез, туку ЕУ ќе биде подготвена да ги прими, што не е исто“
Од
Објавено на
Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека изјавата дека до 2030 година, земјите, меѓу кои и Македонија ќе бидат подготвени за влез во Европската Унија – не е точна. Според него, интерпретацијата на оваа изјава дадена од Шарл Мишел е неточна.
„Шарл Мишел не рече дека земјите кандидати до 2030 ќе бидат подготвени за влез, туку ЕУ ќе биде подготвена да ги прими, што не е исто. Додека Макрон не рече ни тоа“, напиша Хајредини.
Милеш и Макрон беа на конференција заедно со политичарите од Западен Балкан. Македонија беше претстасвувана од премиерот Димитар Ковачевски.