Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – г.п. Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Св. Николе и Велес – Градско и од 20 – 30 метри на патниот правец Берово – Виница.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар во 07:30 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
