Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.
За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.
– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.
На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Обвинителката Вилма Русковска прераскажувајќи исказ на загрозен сведок С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков, а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило.
Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.
Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.
