Пукање во средното училиште ЕМУЦ Свети Наум Охридски, со пиштол плашливец.
Неофицијално ученик пукал во соученици во училиштето. Според првичните информации со пиштол плашливец ученик од трета година пукал во соученици а потоа се пукал и самиот. Пукањето настанало заради кавга. Според очевидците има и повредени. Полицијата врши увид на лице место, а интервенирала и Брзата помош. Наставата е прекината, а учениците видно вознемирени се испратени дома.
Еден ученик е пренесен во болница. Полицијата во моментов врши увид. Пред училиштето има неколку полициски возила.
Наскоро повеќе.