Македонија

Собраниската Комисија за надворешни работи, денеска ги избира новите амбасадори – еве кои се ….

Собраниската Комисија за надворешни работи денеска ќе одржи седница со дневен ред – тези за завршен разговор пред стапување на должности амбасадор и вонреден и ополномоштен амбасадор.

Според тезите за завршени разговори пред заминување на должностите, Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид. Тој доаѓа од редовите на Министерство за надворешни работи, бил македонски конзул во Њујорк и втор човек во Амбасадата на РМ во САД.

Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Тој претходно бил во постојаната мисија на Македонија во ОН, а му асистирал и на Срѓан Керим кога беше претседател на Генералното собрание на ОН. Џундев е професионален дипломат. На должност вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат Горан Стевчевски во Унгарија.Тој е исто така кадар од МНР и бил директор на сектор за Југоисточна Европа.

Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати. Мемеди е професионален дипломат и бил амбасадор во Саудијска Арабија, а е директор на Институтот за геостратегиски истражувања во МНР. Сузана Зеленковска во Словенија. Таа доаѓа од редовите на МНР, а е помошник на директорот на сектор за аналитика и јавна дипломатија. Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.

Сите тие ќе ги претстават своите платформи пред членовите на Комисија за надворешни работи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток