Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се зголеми од 1.037 на 1.305, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Вкупно 1.832 лица се повредени – во споредба со 1.204 пријавени претходно денеска. Околу 1.220 од нив се во критична состојба.
Експертите предвидуваа дека бројот на загинати ќе продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до тешко погодените оддалечени области и потрагата продолжува.
Во земјотресот евакуирани се двајца македонски државјани кои се во добра состојба.
makfax.com.mk