Коментари

Дали Ковачевски како директор на Македонски Телеком учествувал во прислушување, а со измените на КЗ се пере?, прашува Малчески

Професорот Самоил Малчески смета дека измените на Кривичен законик отвораат дилеми. Тој упати три прашања. Меѓудругото и за една од најтемните теми кои го опфаќаат и премиерот Димитар Ковачевски поврзана со Македонски Телеком и прислушувањето. Сподели и две фотографии на кои се гледа Ковачевски во друштво на ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ.

„Измените во КЗ отвараат дилеми за кои многу малку се зборува во јавност или не смее да се зборуваа! Ајде да почнеме:

1. Дали Димитар Ковачевски како еден од директорите на Македонски Телеком АД директно учествувал во нелегалното прислушување во Македонија во перидоот до 2017?

2. Дали ваквите измени на КЗ, покрај се друго, се обид Ковачевски да се испере за скандалот во кој го вовлекол Дојче Телеком, без знаење на централата во Берлин?

3. Дали ова е причината заради која Ковачевски, од тотален анонимус, политички небитна фигура, беше со кран поставен да биде Премиер?

Со нелегалното прислушување беа прислушувани ДКПа во Скопје!

Да не се лежаме, Дојче Телеком е во доминантна државна сопственост, би било преголем скандал да државна компанија на земја членка на НАТО е вклучена во нелегално прислушување на ДКПа на пријателски НАТО држави!
Одговори кои сме должни да ги знаеме!“, пишува Малчески.

На почеток