Свет

Путин роденденот го прославува во кругот на семејството и пријателите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 66 години. Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков, изјавил за „Тас“ дека рускиот претседател, роденденот ќе го прослави со своите најблиски и пријателите.

Како што потсетува агенцијата „Тас“, Путин минатата година за својот роденден бил во Сочи, каде држел вонреден состанок со постојаните претставници на Рускиот Совет за безбедност, а дека во 2016 година не се појавувал во јавност.

Путин традиционалн прима роденденски честитки преку телефон од други лидери.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток