Дваесет луѓе загинаа кога во толпа народ влетала лимузина во американската сојузна држава Њујорк. Несреќата се случила во градот Скохери, во близина на туристичка локација преполна со луѓе.
Лимузината, како што наведуваат локалните власти, со голема брзина се спуштила од нагорнина и налетала на минувачи, пред продавницата за предмети за домаќинство „Apple Barrel Country Store“, попларна меѓу туристите.
Не се познати причините за инцидентот, а во тек е истрага.