Коментари

Не се прави на Тошо, и врапчињата на гранките знаат дека денес се краде на ,,ангро’’, му порача Кекеновски на Ковачевски

Аналитичарот Јове Кекеновски му порача на премиерот Димитар Ковачевски да не се прави слњп и глув. Според него, лага се изјавите дека корупцијата е подобрена.

“И покрај постоење и (не)функционирање на заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена. Напротив институциите само 10% преземале мерки за намалување на ризиците, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

И врапчињата на гранките знаат дека денес се краде на ,,ангро’’. Се краде се повеќе и повеќе. За жал со помош на опозицијата се изгласуваат измени и дополни за амнестирање на арамиите во политиката.
Во нормална држава после ваква констатација оставка на Владата е неминовна. Нека не се прави на ,,Тошо“ премиерот”, порача Кекеновски.

На почеток