Директор од ДУИ мета на Хајредини по изјавата „Шеф ми е Ахмети, премиерот го почитувам како граѓанин“
Од
Објавено на
За ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини спорна е изјавата на Ејуп Рустеми кој е директор на Државни патишта. Рустеми пред извесно време рече дека шеф му е Али Ахмети, а премиерот го почитува како сите други граѓани.
На ова, со коментар излезе Хајредини:
„Останува непознато и Рустеми не кажа кој е одговорен, зошто 20 гидини не се изградени барем само 2 км. автопат од Скопје до Блаце, долга само 12,5 км., кога се знае дека Али Амети за ништо не одговара пред никого“, напиша тој.