Скопје

Депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад?

15 минути главниот влез во депонијата „Дрисла“ беше блокиран од еко-активистите. Протестот го изведе здружението „За чист воздух“. Тие од властите побараа поригорозни мерки против загадувањето на воздухот. Јавно прашуват што всушност се согорува во депонијата?

„Во име на граѓаните на Македонија бараме запирање на увоз на отпад во Македонија. Бараме од премиерот Заев итно да го измени Законот за увоз на отпад. Стопирањето на увоз на отпад значително би го намалил степенот на аерозагадувањето, особено во Скопје. Сериозните сомневања за горење на медицински отпад во Дрисла без исполнување на соодветниот стандард, се една од причините за загадување на воздухот“, истакна активистот Аријанит Џафери.

Од здружението велат дека депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад и заработила речиси милион евра. Печката за согорување на медицинскиот отпад работела по најмалку 14 часа на ден, 365 дена во годината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток