Коментари

ЕУ загрижена, Хајредини ги праша: Што друго очекуваa од тие што власта ја злоупотребуваат за да ги крадат и парите на европските фондови?

Во изјава за ТВ 24, портпаролката на ЕК, Ана Писинеро, изрази жалење поради недостатокот на консултации со Европската комисија пред усвојувањето на измените во Кривичниот законик, како и за употребата на европското знаменце во парламентарната процедура. Ова го искоментира ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини. Тој праша што очекува ЕУ од власта на СДСМ и ДУИ.

„Што друго ЕУ очекуваше од тие што власта ја злоупотребуваат за да ги крадат и парите на европските фондови“, праша Хајредини.

Европската комисија (ЕК) изрази загриженост поради усвојувањето на измените во Кривичниот законик, кои, меѓу останатото, предвидуваат намалување на казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, a кои, како што забележуваат оттаму, ќе влијаат на голем број случаи на корупција на високо ниво.

На почеток