Скопје

Околу 70 возачи заминуваат од ЈСП на 1 октомври?

Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава Плусинфо.

Според информациите до кои дојдовме, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.

– Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина – вели нашиот извор кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи.

На почеток