Скопје

(Фото) Канцероген воздух во Карпош 4, наместо парк добивме загадувач пред нос, реагираат жителите

Наместо парк, во Карпош 4 има загадувач, реагираат жителите. Тие се револтирани и тврдат дека дишат канцероген воздух. Ова доаѓа откако вчеравечерта изби пожар на просторот покрај кејот на Вардар.

„Не е можно да останало нешто да тлее па повторно да се запали токму навечер кога се заладува. Пожарникарите велат дека вчера немало отпад кој денес е повторно истурен таму. Рампата не спречила ни претходно да се трупа отпад, нити ќе спречи, И наместо по вчерашниот инцидент да се преземат дополнителни мерки да се обезбеди просторот, денес си добивме реприза на труење. Пожарникарите многу брзо реагирале и спречено е ширење, но полиција немаше“, напишаа Независни за Карпош.

На почеток