(Видео) Ова е екоцид, криминал кон граѓаните за кој никој не реагира! – заменикот на народниот правобранител најави одговорност за Град Скопје
Заменик народниот правобранител Јован Андоновски сподели видео од состојбата со загадувањето во главниот град за кое изминатите денови имаше низа реакции од граѓаните.
Во видеото што го сподели се гледаат честички од согорена материја.
– Цела населба Ново Лисиче е преплавена со остатоци од согорена материја. Во текот на утрешниот ден, Народниот правобранител ќе покрене постапка кон Град Скопје и сите скопски општини за загадувањето на воздухот. Ова е екоцид, криминал кон граѓаните за кој никој не реагира! – соопшти вчера Андоновски.
-Пред неколку дена имаше голем пожар пред Арачиново и на голема површина гореше трска…овие согорени остатоци се од таму. Со сигурност знам затоа што кај нас во Ченто се појавија уште истата вечер после пожарот, сподели еден скопјанец.