Коментари

„Директорката на Академијата за судии и обвинители ја злоупотреби функцијата за да се пресметува со новинари“, Ландов со обвинување дека целта била дискредитација

Новинарот Кристијан Ландов смета дека претставката од Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители до Здружението на новинари за необјавен текст е злоупотреба на функцијата која ја има со цел да се пресметува со новинари. Тој се согласи со Судот на честа при ЗНМ дека директорката ја повредила тајноста на комуникациите со тоа што направила копија и доставила до трети лица.

Ставот на Ландов во целост:

„Судот на честа при ЗНМ добил претставка од Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители против мене. На кратко: се жалела зошто не сум постапил како што тие сакаат при добивање на информации.

И сега, уште поспорно, директорката на Академијата која продуцира судии и обвинители, ја препратила цела наша официјална и професионална комуникација на трети лица, во случајов, Судот на честа и ЗНМ, а со цел да ме искомпромитира и дискредитира. Па така, ја повреди тајноста на комуникациите. Пазете, ова го прави првиот човек на Академија за судии и јавни обвинители.

Ова е неовластено објавување на лични записи според член 148 од Кривичен законик.

Значи, Габер-Дамјановска ја злоупотреби функцијата за да се пресметува со новинари, кои што ја работат својата работа транспарентно, наоѓајќи злоупотреби, па со вакви постапки сака да ги спречи.

Дотолку повеќе, што истата директорка на мојот личен „Фејсбук“ профил, во 10 часот навечер, во минатото ми праќаше и пораки оти била незадоволна од објавени професионални текстови. Но, таа комуникација ќе остане тајна, додека директорката не даде дозвола да се објави. А има што се прочита.

Јас, но очигледно и Судот на честа при ЗНМ, ова го толкуваме како притисок и обид за влијание. Јас би додал од позиција на реална моќ и власт. Особено што станува збор за сторија која што не е објавена во моментот на поднесување на претставката.

Директорке, се гледаме на суд“, напиша Ландов.

На почеток