Коментари

Телеком тука е за да ги подмити со милиони евра нашите политичари со нашите пари, со што е запознат и Ковачевски, обвини Хајредини

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, тврди дека „Телеком“ е тука за да ги подмити политичарите, а го обвини и премиерот Димитар Ковачевски дека е запознаен со тоа.

„Телеком тука е за да ги подмити со милиони евра нашите политичари со нашите пари, со што е запознат и Ковачевски, како еден од поранешните менаџери во оваа компанија“, напиша Хајредини.

Во одделен статус, тој пораа: „ВМРО беа албанофили кога гласаа за амнестија на Али Амети, а сега истите станале албанофоби, кога сведочат за криминалот и корупцијата на ДУИ“.

Ова не е првпат Хајредини да го компромитира „Телеком. Претходно, преку социјалните мрежи ѝ постави прашање на американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со случајот со „Дојче Телеком“.

„По интервјуто на ТВ Алсат, едно прашање до амбасадорката на САД, госпоѓа Анџела Агелер: Толку ли е тешко во окружниот суд на Њујорк да прашате кои се политичарите, високи државни функционери на Македонија, на кои директорите на Дојче Телеком и Маѓар Телеком, им исплатиле повеќе милиони евра мито, за што судот и ги осудил?“, пишува Хајредини.

„Скопје1“ побара став и од „Телеком“. До моментот на објавување на текстот, немаме одговор.

На почеток