Листа на продукти кои поевтинуваат од утре
Од утре, најдоцна задутре цените во маркетите на лебот, млекото, месото, тестенините, односно на 25 категории производи треба значително да поевтинат, некои и над 30 отсто од сегашните цени, односно 10 отсто во однос на нивото што беше на 1 август, што се зема како референтна вредност.
Мерката ќе трае до крајот на ноември, но доколку е потребно ќе се продолжи.
Министерот за економија Крешник Бектеши денес на прес конференција соопштувајќи ги производите кои ќе поевтинети, рече дека за оние кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата, ќе бидат преземени мерки, вклучувајќи и затворање на продавниците.
„Донесена е одлука за определување на цените на мало како и обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица и се регистрирани за вршење дејност производство и трговија на големо“, рече Бектеши.
Ова се производите кои ќе поевтинат:
-Ориз бел во пакување од 900 грама до еден килограм
-Брашно пченично тип 400 и тип 500
-Бел и полубел леб векна индустриски тип 450 грама цел и на парчиња со исклучок на свежо печен леб во маркетите
-Други пекарски производи.
-Бисквити петит бер и бисквити обични и посни од 300 до 500 грама
-Наполитанки со фил од какао крем (обични, непреливни) од 300 до 500 грама
-Тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 грама
-Јунешко месо без коски од бут или некој друг дел
-Свинско месо без коски од бут или некој друг дел
-Мелено месо свинско и јунешко
-Пиле свежо или замрзнато (цело)
-Пилешки стек свеж или замрзнат
-Чаен колбас (јунешки свински говедски) без додатоци и без слајс пакување…
-Пилешка посебна салама
-Паштета од џигер и пилешка
-Трајно кравјо млеко
-Јогурт од кравјо млеко обичен
-Кисело кравјо млеко
-Павлака од кравјо млеко со масленост од 12 до 20 отсто во пакување од 180 до 200 грама
-Традицуионално кравјо бело сирење или меѓано сиртење без додатоци,
-Традиционален кравји или мешан кашкавал без додатоци
-Свежи јајца од кокошка
-Свежо овошје
-Свеж зеленчук