Таблите на кои беше напишано името на училиштето и н државата „Република Македонија“, отстранети од основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Кисела Вода. Одлуката е донесена и спроведена без консултација и известување на советот на родители, велат извори за порталот Скопје инфо.
Сеуште е нејасно што е причината за избрзаниот чекор имајќи предвид дека државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со замена на таблите.
Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик.
Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.
извор: Скопје Инфо