Скопје

Бетонско чудовиште кај и да е ќе почне да никнува во Карпош оти Уставен суд укина одлука, најавуваат од „Независни за Карпош“

Идеен проект за Урбанситички проект

На последната седница, Уставен суд донесува решение со кое се укинува Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт 3 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година).

За тоа што стои позади оваа одлука, пишуваат „Независни за Карпош“. Ви пренесуваме во целост:

„Со укинување на регулацискиот план нема ограничување во изведбата на решението кое е во моментално важечкиот ДУП за З05 за парцелата позади бензинската пумпа на Макепетрол на Партизанска, на самиот булевар 8ми Септември. Се работи за 28катница со приземје и поткровје. Иницијативата пак за Одлуката за ДУП З05, ставена е во мирување, наводно не можел судот да донесе одлука поради нецелосен број на судии, иако за 3 ДУПа по иститот пропуст се донесени одлуки и со 5 судии, а претходно се укинати уште неколку ДУПа.

Иницијативата за укинување на регулацискиот план е поднесена од адвокат Бојан Милошевски, кој е пак поранешен секретар на општина Карпош во изминатиот мандат на Стефче Јакимовски. Во овој мандат пак е ( или бил) ангажиран за адвокатски услуги од општина Карпош. Дали со пари на општината е платен за услугата со која на приватен инвеститор му се овозможува поголеми габарити за градење?

Со други зборови бетонското чудовиште кај да е, ќе почне да никнува во Карпош, освен ако не се продолжи 14тата седница на која е заглавена точката за суспензија и за која никако да се собере кворум од 12 советника за да се реализира“.

На почеток