Скопје

(Фото) Клуч на врата добија ланци на големи маркети во Скопје; Трајковски: Нема да дозволам манипулации

Ланци на маркети се казнети од страна на Државниот пазарен инспекторат, соопшти директорот Горан Трајковски. Ова доаѓа откако Владата одреди намалување на цени на производи за 10 проценти и забрани за промоции.

„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга““, објави Трајковски.

Тој додава: „Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“.

На почеток