Скопје

(Видео) Автобус на „Дурмо турс“ со отворен капак од мотор превезуваше патници

Автобус на компанијата „Дурмо турс“ возеше со отворен капак на моторот низ скопските булевари. Со него, се превезуваа и патници. Возачот застана на неколку постојки, меѓу кои и под стоковната куќа „Мост“ каде од автобуската качи неколку лица кои го чекаа автобусот. Меѓутоа, ниту еден од нив не го забележа отворениот капак. Екипа на „Скопје1“ го сними на раскрсницата кај Бит Пазар, а се движеше во правец на булеварот Илинденска.

„Скопје1“ одговори побара од компанијата. Испративме фотографии и прашавме, зошто автобусот бил управуван во ваква состојба, како и дали бил во исправна состојба. До моментот на објавување на овој текст не добивме одговор.

„Дурмо турс“ е компанијата со чиј автобус се случи автобуската несреќа која што се случи на 13 февруари 2019 година, кога животот го загубија 16 лица. Во судскиот процес за несреќата кај Ласкарци се обвинети шест лица, меѓу кои е сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, раководителот на возниот парк на оваа компанија, тројца вработени во станицата за технички преглед во Гостивар и возачот на автобусот што учествуваше во несреќата кај Ласкарци.

На почеток