Скопје

(Видео) Бит пазар како Бит пазар, хаос како хаос

Ниту акции, ниту пајаци и полиција не помагаат за на Бит пазар не се паркира на среде улица. Секој ден, таму сликата е иста. Во недостиг на паркинг места на тротоарите, купувачите застануваат на првата лента, па со нејзино блокирање – доаѓаат и гужвите.

Едната слободна лента е недоволна за да сообраќајот тече нормално. Затоа, има свирежи од сирени, нервози, пцуења и тензии. Вака е од почетокот до крајот на Бит пазар, од двете страни.

Во неколку наврати имаше реакции од надлежните за превоспитување на возачите. Сепак, за неколку недели, повторно сликата е иста. Најголеми гужви има рано наутро и во попладневните часови – кога граѓаните одат и се враќаат од работа.

На почеток