Скопје

Данела си призна дека не направила ништо во Скопје: Легитимно е тоа да го кажат

Легитимно е било кој да каже дека ништо не сум сработила. Ова синоќа во емисијата на порталот Инфомакс го рече градоначалничката Данела Арсовска. Но, вина нереализацијата не ја гледа во себе.

„Може секој да каже дека Данела ништо не направи и легитимно е тоа да го кажат, но најголеми виновници, за она што како градоначалник би сакала да го реализирам се тие кои не дозволуваат. Јас можам да се обидувам, меѓутоа ако некој не дозволува. Таков ни е степенот на организација во локална самоуправа. Да бев јас единствената која ги носи одлуките, до сега се ќе беше реализирано најверојатно“, рече Арсвска.

Таа понуди и решение со кое вели дека ќе покаже дека може да ги реализира ветените проекти.

„Затоа ги охрабрувам. Доаѓа нов Буџет. Можат слободно да не го донесат со што ќе се самораспуштат и ќе дозволат градот и администрацијата да покажат како се работи без товарот, да ги чекаме нив да донесат одлуки, во шест месеци додека се организираат следните избори локални во Град Скопје, а да видиме и како ќе поминат на истите“, додаде Арсовска.

Подоцна во емисијата Арсовска рече дека реализирани се преку 50% од проектите предвидени во програмата „За Модерно Скопје”, но зачудува тоа што ретко кој се охрабрува да ги пренесе.

To Top