Македонија

(Фото) Филипче спаси бебе – тешката операција траела со часови

Денеска со мојот тим на Клиниката за неврохирургија имавме исклучително сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе, напиша на Фејсбук поранешнито министер за здравство Венко Филипче.

„Нашиот мал пациент имаше вродена аномалија на черепот, неговата состојба беше комплексна и мораше веднаш да се оперира како не би дошло до поголеми компликации. Операцијата која траеше неколку часа, помина во најдобар ред и со помош на оваа интервенција на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст и развој“, додаде Филипче.

Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.

Пред да стапи на министерската функција беше советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

На почеток