(Фото) Реконструираат улица, а рабниците како планина
Рабниците пред поликлиника Букурешт (Ромунска болница), ќе бидат нов проблем како за ранливите категории граѓани, така и за велосипедистите. Во моментов улица Бледски договор се реконструира од Бауер БГ – Вашиот Стан Провајдер и Министерство за транспорт и врски.
„На улица Бледски договор се наоѓаат поликлиника Букурешт, Градска болница, Воена болница, а по неа се движат и посетителите на приватната клиника Жан Митрев, СУГС Никола Карев и спортскиот центар Борис Трајковски.
Рабниците мора да се сменат и да бидат слеани за по нив да можат безбедно да се движат ранливите учесници во сообраќајот. А на овие тротоари се движат најранливите од сите. Град Скопје Општина Карпош не дозволувајте да се пропушти оваа шанса и наместо да се подобрат условите за безбеден сообраќај, тие да се влошат“, велат од „На Точак“.
Тие испратиле и допис, каде ги имаат истакнато најважните работи кои мораат да се променат за време на оваа реконструкција.