Трендот ќе продолжи: ‘Покачувањето’ од само 10% во здравството, ќе предизвика одлив на уште 20% од здравствените работници


Докторот Нико Беќаровски смета дека одливот на здравствен кадар нема да престане. Тоа го препишува како заслуга на владините политики и покачувањето на платите. Ставот го напиша јавно на позадина на исмевачка позадина со измет.
„’Покачувањето’ од само 10% во здравството, ќе предизвика одлив на уште 20% од здравствените работници“, напиша Беќаровски.
Негативен тренд е заминувањето на здравствените работници во странство. Пред се, поради ниските плати и ужасните услови за работа.
Покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време, бара Независниот синдикат на здравствените работници. На ова барање не беше удоволено.
