Коментари

Шо вика премерчето, шо е здрава храна за ручек да клајме?, го прашуваат Ковачевски по изјавата за чипсот

Исмејувачки коментарина сметка на премиерот Димитар Ковачевски кој ПР стратегијата во изминативе денови ја градеше на сметка како да се продава чипсот – поскапо или поевтино. По неговата изјава дека станува збор за нездрава храна и затоа ќе остане со повисоко ДДВ кое од Владата беше наречено „ДДВ за луксузни производи, дојдоа и реакциите.

„Поскапиот чипс е половина здравје“, напиша сценаристот Божидар Божиновски.

„Влада: Чипсот и сладоледот поскапуваат пошто се нездрава храна *промовираат нездрава храна“, напиша Ивор Мицковски.

„Како што рече премиерчето – заради здравјето е чипсот поскапен“, пишува Божиновски во нов статус.

Реакциите од него не застанаа па праша: „Шо вика премерчето, шо е здрава храна за ручек да клајме?“

И тука не застанува, па искоментирa уште една премиерска изјава која вели: „Секој лекар ќе ви каже дека чипсот не е здрав“, на што Божиновски додава: „Секој психијатар би ти ја одзел деловната способност“.

На почеток