Владиното мени направи хаос: На Клинички се трошат 2 милиони годишно – а храната е ѓубре, граѓани живеат во крајна сиромаштија
Владиното мени со ниски цени предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски анализираше што добиваат пациентите во Клинички центар, нивото на платата во споредба со чинењето на храната, а сето ова, доведено во корелација со зголемените плати на владините функционери за 78%.
„Дневно на Клинички за храна се трошат 5к €, годишно 2 милиона. Храната е ѓубре, невкусна, неквалитетна, а се одлеваат милиони 20 години. Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, со месечна кошница која уште малце и ќе стане 1000€. Просечна плата е едвај 600€, сведени на 300 од инфлација и поскапувања. Властите си зголемија плати за 78%, а до Нова Година ќе добијат уште 400 € покачување. 500 илјади граѓани живеат со 200 денари дневно, а 69 илјади граѓани живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари.
Владиното мени во меѓувреме нуди пилешка чорба за 60 денари, омлет со свинско за 65 денари, сланина на скара за 110, вешалица од свинско каре за 135 денари, јунешко соте за 180 денари. Живееме во тотална мизерија, парите ни се крадат секојдневно, градовите и државата ни се депонии, секоја агол од земјата е купен и раскурцан, загаден и упропастен, и господата продолжува да ужива во тотален криминал и корупција, да кажува што е луксуз и нездраво, додека глутонски се гоштева на нашето незапирливо тонење. Ние сме за бунт, за распад низ бес, ама наместо тоа, тивко не гасат и газат“, напиша тој.