Скопје

(Фото) Во Скопје: Пратено да питачи, истоштено дете со соблечени обувки заспало на булевар

Питачењето по улици стана секојдневие во Скопје. На најфреквентните раскрсници, речиси секојдневно има десетици деца кои молат за пари. Најчесто, тие се во придружба на возрасни лица, кои ги тераат да питачат. Неретка е сликата и кога мајки со бебиња во рацете одат од возило до возило и бараат пари. Но, децата се оние кои се на најголем удар. Фотографија направена во Чаир, од читател на „Скопје1“ сведочи за злоупотребата на децата. Истоштено дете, со соблечени обувки, заспало во тревникот среде булеварот.

„Има ли некој што се занимава со овие луѓе кои оставаат деца на улица на овие ниски температури и просат на семафори? Доаѓав од работа и случајно ја свртев главата на семафори и ги видов овие деца, не е грев? Што се криви овие деца кои се жртви на зли родители? Не можам да ја симнам таа глетка од памет. Господ на помош на овие деца“, пишува скопјанецот кој бил сведок на оваа глетка.

Состојбата на терен остава впечаток дека социјалните слубжи речиси и да не реагираат. Секојдневно, истите лица, на иста или соседна расница. Неминово е да ги видите на потегот кај Моминг потог, Качанички пат, раскрсницата кај „Ми-да“, централните раскрсници.

Во истражувањето спроведено во рамки на проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ почнат од 3 декември 2021 година до почетокот на 2022 година, се наведува дека само во главниот град Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100. Четири илјади деца и луѓе на поголема возраст питачат во Северна Македонија, а околу 50 деца на возраст од 3 до 14 години користат наркотични средства, покажува истражувањето на Здружението „Градиме иднина“. 8.700 не се во училишните клупи, а 1.500 деца од ромската популација не се евидентирани со матични броеви.

На почеток