Скопје

Борба за Влае се екипира за нова битка против висококатници кај „Кино Влае“

Општина Карпош на својата веб страница ги објави синтезниот план (скица) и анкетниот лист за новиот ДУП за Влае 2, каде се протнува изградба на 11-катница на местото од „Кино Влае“. Граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ бара помош од сите кои би можеле во наредните 9 денови да помогнат да се изанализираме овој план.

„Да го „преведеме“ за да може да го разберат и жителите кои немаат архитектонско-урбанистичка стручна позадина и да најдеме начини да го комуницираме со медиумите и граѓаните. Потребни ни се: 1. Архитекти, урбанисти, градежници, сообраќајни инжињери и останати со стручно познавање во читање синтезни и урбанистички планови; 2. Дизајнери кои можат да прават едноставни графики за повици, покани или фотомонтажи на новите згради врз слики од постоечка состојба
3. Фотографи кои би ја сликале постоечката состојба на терен од земја и небо; 4. Лица кои можат да пишуваат објави за медиуми 5. Лица кои би делеле анкетни листови низ Влае. Оние кои би ни помогнале не мора да се жители на Влае, пишуваат тие.

Претходната презентацијата траеше 30 денови, а сега има помалку од 10 денови на располагање.

ДУП за Влае 2, кој повеќе од една година го бојкотираат дел од граѓаните од овој дел на општина Карпош, од вторник 24 октомври повторно ќе се најде на јавна презентација. Тие сметаат дека со неговото евентуално донесување во формата во која е предложен, сериозно ќе се дехуманизира животот во Влае. Тие тврдат дека се и за зелени површини и за игралишта, за градинки и за спортски терени, за средување на сообраќајните проблеми, но се против градење згради на јавен простор и врз постојното зеленило.

На почеток