Скопје

Последнa опомена до Арсовска и Славески пред радикализација: Имате 48 часа

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и претседателот на градскиот совет, Трајко Славески добија последно предупредување од навивачката група „Комити“, со кое најавуваат радикализација ако фудбалскиот клуб Вардар не ги добие ветените пари. Тие порачаа: „Вардар над се“.

„Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!
Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање.ВАРДАР НАД СЀ!“, напишаа Комитите.

На почеток