Скопје

Заврши една од операциите: Придружбата на Штекли ранета во стомак и граден кош

Заврши операцијата на придружникот на Раде Трајковски-Штекли, кој беше ранет во „Ист гејт“. Куршумите завршиле во стомакот и градниот кош, а операцијата која се правеше во „Св. Наум Охридски“ е завршена.

Засега, лицето е во стабилна, но тешка состојба. Поради комплексноста на повредите, тој дише со помош на машина.

Истовремено, Штекли е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија. И тој е во тешка состојба, а извршена му е операција. Повеќе детали се очекуваат подоцна.

Лицето кое пукаше, сѐ уште не е пронајдено.

(Фото) Ова е лицето што пукаше во „Ист гејт“, МВР го бара преку известување

(Видео) Штекли во „Ист гејт“ е погоден со четири куршуми, придружбата со повеќе – докторите се борат за нивните животи

На почеток