Коментари

МВР е мртво ткиво – наместо Спасовски да тера кампања за претседател, треба да си поднесе оставка, смета Ковачки

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ја искоментира изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во која вели: „МВР речиси целосно ги разби криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир. Според Ковачки, граѓаните не се безбедни.

„Пред 3 дена Министерот кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи. Денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца… Спасовски повторно ја излажа јавноста. Граѓаните не се безбедни и повторувам:
Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет! МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за Претседател, треба да си поднесе оставка“, напиша Ковачки.

На почеток