Македонија

Камери, траси на движење, индиции – се лицето кое се обиде да го ликвидира Штекли, но не се открива дали ја напуштило Македонија

Трет ден по пукањето трага по лицето кое се обиде да го ликвидира Раде Трајковски-Штекли. Обвинителството собира докази кој го стори овој чин, но не се споделуваат детали. Неодговорени остануваат куп прашања, меѓу кои и, дали има сомневања дека лицето кое пукаше веќе ја напуштило Македонија. Но затоа, се анализираат снимките од целиот мониторинг центар на трговскиот центар каде се случи крвавиот пир, а кои даваат јасни детали што се случувало.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет издава наредби за преземање дејствија со цел идентификација на сторител на кривично дело и обезбедување на докази за целосно расчистување на настанот. По наредбите се постапува и во овој момент не сме во можност да споделиме повеќе детали“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Од МВР пак, не одговараат, дали по објавувањето на фотографијата со ликот на лицето кое пукаше, добиваат пријави од граѓани за неговиот идентитет или трасата на движење. Молк и од колку оружја било пукано, како и за транспортот на двајцата повредени, за кои „Скопје1“ веќе пишуваше дека сами, со автомобил, отишле во болница.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески, оценува дека мотивот е во пресметката за скопскиот нарко-пазар.

На почеток