Македонија

(Видео) Склопен ДНК профилот на пукачот кон Штекли: Трговскиот го напуштил пеш, се знае и каде се упатил

Излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно ауди без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Гази Баба, ова се детали од истрагата кои ги дознава КОД.

Егзекуторот од Ист гејт Мол кој во заседа застрела двајца меѓу кои и Раде Трајковски-Штекли оставил траги кои се пронајдени и се анализираат.

Во вечерашната емисија КОД повеќе и за мотивите на новиот напад врз Штекли на истото место во преполниот трговски центар, дали инцидентот е поврзан и со обезбедување на казина.

Речиси 15 години во Скопје трае војната на два нарко клана Дуќанџик/Грчец и Беланоца/Барон која е интензивирана последната година кога загинаа најмалку 5-мина припадници на двете банди.

На почеток