Скопје

Шилегов со клима уреди ќе се бори против аерозагадувањето

Градот Скопје за првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.
– За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

За оваа намена во буџетот на градот, како што рече Шилегов, предвидени се 20 милиони денари, а тоа значи дека повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови, водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.

– Убеден сум дека оваа мерка заедно со другите мерки кои досега ги презедовме во рамките на нашите надлежности ќе значи уште еден чекор напред во борбата против загадувањето на воздухот во Скопје – додаде Шилегов.

Според анализите на Град Скопје, интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и поради тоа се одлучиле за субвенционирање на овие уреди и за да ги намалат трошоците на граѓаните.

Огласот за субвенционирање, како што најави градоначалникот, ќе биде објавен најдоцна до понеделник.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток