Македонија

Во „Синџир“ паднаа 20 лица: Ќе глават за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложи определување на мерката притвор за 14 осомничени лица од кои за едно лице е предложена мерка куќен притвор.

„За останатите 12 осомничени лица предложи други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барање за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица.

За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа: за кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни“, велат од ОЈО-ГОКК.

На почеток