Македонија

Мери Дика стана и претседателка на Апелација

Судијката Мери Дика Георгиевска едногласно, со 10 гласа „за“ е избрана за претседател на Апелациониот суд во Скопје од страна на Судскиот совет.

Според членовите на Судскиот совет, се работи за судија што цели 28 години ја врши судиската функција, со богато искуство, без ниту една казна или дисциплинска постапка, која од 2016 година суди во Апелациониот суд.

Таа и досега беше вршител на должност претседател на Апелација и успешно го раководи, особено што во овој суд има мал број на судии, а голем прилив на предмети.

На почеток