Малку по 15 часот, во текот на вчерашниот ден, во полиција било пријавено дека на улицата Индира Ганди 68-годишен скопјанец се обидел да изврши полов напад врз осумгодишно девојче, но бил спречен од страна на случаен минувач.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, мажот е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.