Коментари

Вагата натежна само врз Гоца и Миле, но. врз луѓето од ’27 април’ – оние кои украдоа милијарди избегаа и купија слобода, коментира Јоци

Политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци смета дека Гордана Јанкулоска ќе може да шета со чист образ, оти си го одлежала своето. Со вчерашното излагање од затвор на ексминистерката за внатрешни работи, Јоци оценува дека се сменила, на потешкиот начин. Го споменува и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Гоца си го одлежа своето. Ќе може да шета со чист образ. И се смени – на потешкиот начин. Вагата натежна само врз неа и врз Миле, но и врз луѓето од ’27 април’, а оние кои украдоа народни милијарди и милијарди – избегаа или си ја купија слободата. Вторите ќе живеат во страв до крај на живот и мора да си купуваат дури и лажни пријателства со украдениот кеш, поинаку ќе нема ни кој муабет да им прави. Од денеска таа е на слобода и точно знае кои и се вистински пријатели.

Гоца е Феникс, се издигна од пепелта на оние кои ја гонеа и и` цртаа судбина – облечени во бело, викани ,,ангели”, а корумпирани и прљави како црн ѓавол. Да не потпишеше Груевски сé во Пржино, немаше да постои ниту Заев, а ни последователните настани. ФАКТ! Тоа е ефектот на домино“, напиша Јоци.

Инаку, во моментов, Јанакиески е и натаму во затвор, како и осудените во „27 април“.

На почеток