Коментари

Најческа лута: Мафијата метстазираше, се додека е ДУИ на власт државата ќе биде само збирштина од криминалци

Професорката по право, Мирјана Најчевска, повеќе пати има повторено дека ДУИ е канцер на општеството и во Владата. Таа го искоментира новиот бизнис на газдата на „Пуцко Петрол“, кој стана нов сопственик на фирмата што ѝ рента простории на Лотарија за 2,6 милиони евра.

„Мафијата метстазираше. Се додека е ДУИ на власт државата ќе биде само збирштина од криминалци. Во ниту една цивилизирана држава не е дозволен ваков облик на употреба на власта за заштита на криминалот. Во ниту една цивилизирана држава мафијата нема вака целосно ставено шепа врз сите структури на правосудниот систем“, напиша Најческа.

Од пред пет дена, Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра, пишуваше Слободна Европа.

Брзи пари: Зделка од 2,6 милиони евра на Лотарија во раце на газдата на „Пуцко Петрол“

На почеток