Македонија

Почина шест месечно бебе од морбили во земјава

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Машкото бебето кое е жртва од мали сипаници во земјава е од кумановско. Тоа утринава починало на Клиниката за инфективни болести.

– Бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација од воспаление на белите дробови – изјави денеска министерот за здравствои Венко Филипче и нагласи дека редовната вакцинација е најдобра заштита против ова и други заразни заболувања.

Филипче додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток