Коментари

Ахмети ги величи терористичките акции од 2001, тој не е националист туку мафијаш, искоментира Најчевска.

Фотографиите се величење на терористичките акции во 2001 година, смета професорката Мирјана Најчевска за објавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој вчера беше во комплексот на УЧК во селото Сопот. Според неа, Ахмети е мафијаш, а не националист.

„И да се разбереме. Али Ахмети не е националист. Тој е мафијаш кој го користи национализмот како завеса од чад за криминалните дејствија на мафијата“, напиша Најчевска.

Потоа, ја искоментира и една од фотографиите.

Фотографијата која ја коментира Најческа

„Ова е една од многуте фотографии на пратеникот Али Ахмети (попознат како глава на мафијата регистрирана како политичка партија ДУИ) со која се промовираат европските вредности на оваа мафија, пардон, партија. Останатите фотографии се величање на терористичките акции и учесниците во овие терористички акции од 2001 година и средбите со високи функционери од западните држави кои овозможуваат Али Ахмети да биде мафија која ја поседува државата во изминатите 22 години. Многу е интересен ФБ профилот. Вреди да се погледне. Ова е еден од тие школсски примери како национализмот негуван кај една мнозинска етничка група се враќа како бумеранг во уште понакараден национализам кај помала етничка група“, додаде Најческа.

На почеток