Коментари

Тажна моја Македонијо, никако да те оправиме: Нема пари за лекови, реагенси, наука – ама има 960 илјади евра за изјамување возила (Коментар на денот)

Микробиологот Гордана Мирчевска сподели критика за состојбите во Македонија. Преку компарација која покажува дека нема пари во здравството, но има за изнајмување на возила – констатира дека за се нема пари, ама за лускуз има. Таа го споделува нејзиниот револт, прашувајќи како е можно да нема политичар кој ќе излезе и каже: „Од утре ќе тераме со есап“.

Нема пари за лекови за пациентите со цистична фиброза, нема пари за дијабетичарите и онколошките пациенти, нема пари за реагенси и нови методи во микробиологијата, што ќе придонесат за порано откривање на сериозни, живото-загрозувачки фунгални инфекции кај најтешките болни, нема пари за наука, за истражувања, нема пари за да купиме медицински, анатомски столици за работните места, со кои ќе му го продолжиме векот на нашиот р’бетен столб…списокот е долг, за што се’ немаме пари….ама затоа МНР има пари за да плати 960 илјади евра за наем на возила за самитот на ОБСЕ.

Зар е можно ова? Зар е вистина??? За се’ нема пари, ама за луксуз имаме….пред кого презентираме некое квази високо ниво? Зарем нема доволно возила во владата, па истите тие да се користат и за таа намена? Зборуваме за 960 илјади евра!!! Еееејјјјј…..Боже, Боже, има ли крај се’ ова? Има ли крај на неконтролираното и непланско трошење на парите во оваа држава? Значи ние навистина ептен сме биле многу богата држава! И уште имало за раздавање…. Како е можно досега да не се појави некој политичар, па да рече, од утре ќе функционираме поинаку, ќе тераме со есап!? Еееееее моја тажна Македонијо….никако да Те оправиме и опоравиме! Ќе се доиспразниш многу побрзо од што мислевме….како ми изгледа….натаму сме тргнале….“.

На почеток