Свет

Странци снимале порнографија во најлуксузниот комплекс во Црна Гора, уапсени се неколку лица

Странци снимале порнографија во најлуксузниот комплекс во Црна Гора, уапсени се неколку лица

Полицијата во Црна Гора уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват поради сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, со цел создавање и пласирање порнографски содржини.

dobivaj vesti na viber

Црногорска „Побједа“ пишува дека се уапсени неколку странци – двајца државјани на Украина О.Б. (34) и Б.П. (24) и државјанин на Руската Федерација О.Л. (41) – поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе во соработка со американскиот државјанин В.Г. (43), кој беше уапсен претходно, при полициска акција на крајот на минатиот месец.

Констатирано е дека оштетената е 21-годишна жена, што го потврди и црногорската полиција.

Станува збор за неодамнешна полициска акција во која полициската управа извршила претрес во седум хотелски соби во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани од Украина, Русија, Белорусија и Израел, како и 10 странски државјани од САД, Украина, Белорусија и Грција. Полицијата пронашла и одзела пари од различни валути, мобилни телефони, лаптопи, камери.

Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

На почеток