Македонија

Ковачевски не се откажува од враќањето на Груевски, одговори и дали Заев е дел од планот

Враќањето на експремиерот Никола Груевски за првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски е депласирана тема.

Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски рече дека за Груевски е распишана потерница и тој навистина треба да се врати во Македонија, но за да се соочи со правдата во согласност со македонските закони.

Премиерот Ковачевски демантира дека бил во било каква комуникација со Заев поврзана враќање на експремиерот во Македонија откако утрово дел од медиумите објавија одека Заев му се заканил на раководството на СДСМ дека ќе тргне против него ако продолжи да соработува со ДУИ во нивната акција за враќање на Груевски.

Откако стана извесно дека застарува и ТНТ – уште еден случај поврзан со Никола Груевски, Ковачевски не сакаше да даде свое толкување на одлуката. Како што заклучи: Нема основа овие теми да бидат реална политичка дебата во државата.

На почеток